Барање за одобрување на ЛУПД (локална урбанистичка планска документација)
Кон барањето се приложува:
- Уплатница за уплатени административни такси од 50.00 ден на следната жиро сметка.
- Извод од ДУП (за утврдена градежна парцела);
- Извод од ГУП на град Скопје;
- Доказ за сопственост на земјиштето;
- Предлог граници на опфат;
- Планска програма изработена од лиценцирано правно лице за изработка на урбанистички планови;
- Предложени граници на опфат согласно законски прописи.
Постапката за одобрување на ЛУПД се одвива со следните чекори:
- Планската програма ја одобрува Градоначалникот на предлог на Комисијата формирана од Градоначалникот за давање мислење на нацрт планови и давање предлог до Градоначалникот за одобрување на ЛУПД. Одобрената планска програма се заверува со печат и потпис од страна на членовите на комисијата.
- Советот на општината донесува Одлука за изработка на ЛУПД.
- Заинтересираните правни и физички лица доставуваат до општината ЛУПД.
- Општината спроведува јавна презентација и јавна анкета.
- Комисијата доставува предлог до Градоначалникот за одобрување или одбивање на барањето за одобрување на ЛУПД.
- Врз основа на донесениот предлог, Градоначалникот донесува Решение со кое ја одобрува локалната урбанистичка планска документација или го одбива барањето за одобрување на истата.
- ЛУПД се применува по нејзиното одобрување и картирање на хамер и претставува основа за изработка на идеен проект на градба кој е потребен во постапката за добивање на решение за локациски услови. Картирањето се врши на сметка на подносителот на барањето за одобрување на ЛУПД.