eurban1.png
Е-Урбанизам
Gradezno zemjiste
Градежно земјиште
E Odobrenie za gradenje
Е-Одобрение за градење
Registar na kompanii
Регистар на компании на ОГБ
Budget
Буџет за 2016
Vodic za investitori
Водич за инвеститори
Budget
Гринфилд локации
E Odobrenie za gradenje
Информативен флаер

Барање за одобрување на ЛУПД (локална урбанистичка планска документација)

Кон барањето се приложува:

  • Уплатница за уплатени административни такси од 50.00 ден на следната жиро сметка.
  • Извод од ДУП (за утврдена градежна парцела);
  • Извод од ГУП на град Скопје;
  • Доказ за сопственост на земјиштето;
  • Предлог граници на опфат;
  • Планска програма изработена од лиценцирано правно лице за изработка на урбанистички планови;
  • Предложени граници на опфат согласно законски прописи.


Постапката за одобрување на ЛУПД се одвива со следните чекори:

  • Планската програма ја одобрува Градоначалникот на предлог на Комисијата формирана од Градоначалникот за давање мислење на нацрт планови и давање предлог до Градоначалникот за одобрување на ЛУПД. Одобрената планска програма се заверува со печат и потпис од страна на членовите на комисијата.
  • Советот на општината донесува Одлука за изработка на ЛУПД.
  • Заинтересираните правни и физички лица доставуваат до општината ЛУПД.
  • Општината спроведува јавна презентација и јавна анкета.
  • Комисијата доставува предлог до Градоначалникот за одобрување или одбивање на барањето за одобрување на ЛУПД.
  • Врз основа на донесениот предлог, Градоначалникот донесува Решение со кое ја одобрува локалната урбанистичка планска документација или го одбива барањето за одобрување на истата.
  • ЛУПД се применува по нејзиното одобрување и картирање на хамер и претставува основа за изработка на идеен проект на градба кој е потребен во постапката за добивање на решение за локациски услови. Картирањето се врши на сметка на подносителот на барањето за одобрување на ЛУПД.