Иницијатива за измена и дополна на урбанистички планови
Кон барањето се приложува:
- Уплатница за уплатени административни такси од 50.00 ден на следната жиро сметка.
- Извод од ДУП;
- Извод од ГУП на град Скопје или извод од просторен план (услови за планирање на просторот) за УП за село и УПВНМ;
- Предлог планска програма;
- Предложени граници на опфат согласно законски прописи.
Планската програма ја одобрува Градоначалникот на предлог на Комисијата формирана од Градоначалникот за давање мислење на нацрт планови и давање предлог до Градоначалникот за одобрување на ЛУПД. Одобрената планска програма се заверува со печат и потпис од страна на членовите на комисијата.
Предложената иницијатива се разгледува, и по прифаќање на иницијативата од страна на Општината, во рок од 3 месеци Општината ја отпочнува постапката за донесување на планот. Постапката за донесување на Планот се спроведува согласно Законот за просторно и урнабистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.24/08, 91/09 и 124/10). Се изготвува Нацрт Урбанистички план на кој се врши стручна ревизија од лиценцирана фирма. Нацрт Планот се изготвува од страна на Советот на Општината. По утврдениот план Општината спроведува спроведува јавна презентација и јавна анкета со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на месната самоуправа. Јавната анкета трае најмалку 10 работни денови, во рок во кој заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови. Времето и местото каде ќе биде изложен паланот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета задолжително се објавува со соопштение во минимум две јавни гласила. За спроведената јавна презентација и јавна анкета се изработува извештај. Извештајот со образложение за прифатени и непреифатени забелешки го изработува стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општината, која е составена од три члена. Комисијата е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите забелешки или предлози. По добивањето на сите потребни согласности и мислења од јавните претпријатја и вградувањето на на прифатените забелешки од јавната анкета се изготвува предлог план. По добивањето на позитивното мислење од град Скопје и согласност од Министерството за транспорт и врски Планот се доставува до Советот на Општината за донесување. По донесувањето на планот и по неговото картирање на хамер или астралон, донесениот план може да се применува.