Барање за отуѓување на градежно земјиште легален објект
Со потполнето барање/образец се поденсуваат следните докази:
- извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела;
- геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;
- имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето;
- имотен лист на градежното земјиште сопственост на Р. Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена;
- уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со идентификација на катастарската парцела и катастарската општина;
- доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносителот на барањето е физичко лице и
- Уплатница за уплатени административни такси од 1.500,00 ден.
Назив на примачот: | Трезорска сметка |
Сметка: | 100000000063095 |
Банка на примачот: | Народна банка на РМ |
Уплатна сметка: | 840-177-03182 |
Цел на дознака: | административни такси |
Приходна шифра: | 722315 |
Програма: | 00 |