eurban1.png
Е-Урбанизам
Gradezno zemjiste
Градежно земјиште
E Odobrenie za gradenje
Е-Одобрение за градење
Registar na kompanii
Регистар на компании на ОГБ
Budget
Буџет за 2016
Vodic za investitori
Водич за инвеститори
Budget
Гринфилд локации
E Odobrenie za gradenje
Информативен флаер

bfc see logo business


Општина Гази Баба претставува најиндустриската општина на територијата на град Скопје, со голема традиција од неколку децении на постојните индустриски зони, и многу бренд компании од носечките индустрии – фармација и хемиската индустрија, металната индустрија, индустријата на храна, логистичката индустрија, трговијата на мало и големо, автомобилската индустрија, ИТ индустријата, здравствените центри, индустријата на пиво и вино, итн...


Со Генералниот урбанистички план на Град Скопје во ОГБ се просоторно дефинирани две урбанистички и инфраструктурно опремени индустриски зони (индустриски парк Железара и Источна индустриска зона) , како и една зона во развој (индустриска зона Северна Заобиколница), кои се карактеризираат со одлична геостратегиска местоположба, на крстосницата на пан – европските коридори 10 и 8.


Сите три зони се наоѓаат на крстопатот на патните делници А2, Е-75, и северната заобиколница А4, на 15км од аеродромот Александар Велики, кој располата и со можност за карго транспорт, блиску како до поголемите потрошувачки центри во Република Македонија – Куманово, Велес, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, така и  до регионалните потрошувачки центри – Софија, Ниш, Солун, Приштина и Тирана.


Двете изградени зони се карактеризираат со изградена и модерна  железничка инфраструктура, патна и комунална инфраструктура, како и телекомуникациска и енергетска инфраструктура, преку кои се поврзани со сите магистрални и паневропски погоре наведени инфраструктурни коридори.


Со развојот на новиот ГУП 2012 – 2022 на градот Скопје, се овозможи воведување на системот на зонско планирање и развој на просторот преку т.н. четврти (квартови), што нуди поголема развојна флексибилност на  компаниите и бизниси во просторното лоцирање на своите индустриски капацитети и деловни операции во рамките на индустриските зони на територијата на општина Гази Баба.


Исто така, на влезот на северната заобиколница на град Скопје е лоцирана и новата индустриска зона, со намена за лесна незагадувачка индустрија, логистика (стоваришта, магацини, дистрибутивни центри, транспортни терминали), како и големи трговски центри и деловни простори. Зоната територијално е распространета на 270ха, и е организирана во 14 блока, од кои 11 се однесуваат на лесната индустрија и логистиката, додека 3 се однесуваат на трговски центри и деловни простории.


Со развојот на новата индустриска зона ќе се обезбедат поквалитетни услови за развој на нови производствени и логистички капацитети и секако дислоцирање на постојните капацитети на компаниите од урбаното јадро на ОГБ, овозможувајќи регенерирање на тие урбани територии и обезбедување на поквалитетна животна средина и поквалитетен живот на жителите од тие сегменти на општината. Секако тој процес на дислоцирање ќе има еволутивен карактер, и ќе се случува во наредните 15 – 20 години.

Индустрискиот парк Железара се наоѓа во североисточниот дел од градот Скопје, помеѓу парк шумата Гази Баба и висорамнината Камник, на површина од 100ha, помеѓу транспортните магистрали А2 и А4, во близина на автопатот Е-75, и на само два часа оддалеченост од пристаништето во Солун. Индустрискиот парк Железара е изграден уште во далечната 1968 госина, и се карактеризира со целосно изградена патна, железничка и комунална инфраструктура во зоната, поврзана со енергетската, гасоводна и теклекомуникациската мрежа, што и дава значајна конкурентска  предност во однос на останатите индустриски зони во регионот на ЈИЕ. Во индустрискиот парк Железара главни се застапени компании репрезенти на неколку индустрии: метало-преработувачката индустрија, енергетската индустрија, градежната индустрија, транспортната индустрија...Компаниите присутни во зоната се главно извозно ориентирани, вработуваат околу 4000 работници, и имаат силно влијание во создавањето на БДП на Република Македонија.

Источната индустриска зона се наоѓа во источниот дел на градот Скопје, на просторот помеѓу булеварот. Александар Македонски  и реката Вардар, на површина од околу 400ha, по должина на транспортниот Коридор А2, во непосредна близина на автопатот Е-75 и северната заобиколница А2, на само 15 км оддалеченост од аеродромот Александар Велики. Зоната се карактеризира со изградена сообраќајна и комунална инфраструктура, и целосно поврзана со енергетската, гасоводната и телекомуникациската мрежа. Во зоната се главно застапени компании кои доаѓаат од фармацевтската и хемиска индустрија, машинската и метало преработувачката индустријата на пиво и безалкохолни пијалоци, индустријата на енергија, индустријата на храна, логистичката индустрија, трговијата на големо и мало, итн...Во рамките на зоната се наоѓаат и транспортниот и царински терминал, единствен на територијата на град Скопје, креирајќи значајна конкурентска предност на зоната.

Индустриска зона – Северна Заобиколница
•    Нова гринфилд зона која се простира  на површина од 270 ha
•    Лоцирана од двете страни на заобиколницата на потегот од автопатот А2  преку делницата А4 до надвозникот на Р-1103
•    Фокус на лесна незагадувачка индустрија, логистичка и транспортна индустрија, индустријата на деловни недвижнини и трговија на мало
•    Организирана во 14 блока
•    11 блока за лесна индустрија, дистрибутивни центри, магацини и складишта, и транспортен терминал
•    3 блока за бизнис и трговија на мало
•    Во близина на зоната изграден е примарен цевковод за индустриски гас
•    Само 7 км оддалеченост од аеродромот Александар Велики и центарот на градот Скопје
•    Брз пристап до пазарите на соседните земји преку патните и железничките транспортните коридори 8 и 10